Centar.mk
БИЗНИС

Просечната плата речиси 25 илјади денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава во земјава изнесувала 24.590 денари и е за 3,8 отсто повискока од март лани, односно 398 денари покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување, посочуваат од ДЗС, се должи, пред сѐ, на порастот на нето-платите во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (11.4 %), земјоделство, шумарство и рибарство (8.2 %) и транспорт и складирање (7.8 %).

Зголемување на нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (9.5 %), информации и комуникации (8.5 %) и рударство и вадење на камен (6.0 %).

Според податоците на ДЗС, пак, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2019 година изнесувала 36.476 денари.Просечната плата во февруари годинава изнесуваше 24.192 денари.

Можеби ќе ве интересира

Дали знаете како е да живеете во страв за парчето леб? 10.000 работници од игрите на среќа порачаа дека нема да бидат жртви на политички игри

ДЕСК

Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026

ДЕСК

Во март 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесуваше 72 818 денари

ДЕСК