Centar.mk
ЛОКАЛНО

Најголемото светско изложбено шоу доаѓа во Карпош

Со поддршка на Општина Карпош, во организација на Амбасадата на САД во Скопје и „Американските катчиња“ во Северна Македонија, на 31.05.2019 (петок), ќе се одржи реномираниот меѓународен настан, насловен како „Skopje Mini Maker Faire“. Годинава, глобалното движење на иноватори, креативци, уметници, научници и љубители на технологијата, ќе ги презентираат своите креативни иновации во рамки на ВИП арената на спортската сала „Борис Трајковски“ (источен паркинг) до 10:00 до 19:00 часот.

Според агендата, ќе се одржат повеќе креативни и практични работилници, како и неколку предавања од значајни и успешни експерти од полето на технологијата, науката и уметностите.

„Mini Maker Faire“ за прв пат се одржа во Сан Матео, Калифорнија (САД), а во Њу Јорк се одржа „World Maker Faire“, кој за шест години достигна бројка од 900 активни учесници (Makers) и 95.000 посетители. Околу 40 „Maker Faire“ манифестации се одржуваат во повеќе светски метрополи какви што се: Берлин, Париз, Рим, Токио и други. Приближно 170 независни „Mini Maker Faires“, предводени од „Maker“ заедниците се одржуваат во САД и во 43 други држави ширум светот.

Можеби ќе ве интересира

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 05 Јуни 2026 година

ДЕСК

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните

ДЕСК

(ВИДЕО,ФОТО) ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО СЕ ВРАЌА: Водостојот повисок за речиси 1 метар

ДЕСК