13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Сo „зелената нафта“, 200 милиони денари се враќаат кај земјоделците

Со отворање на јавниот повик за набавка на гориво за земјоделска механизација започна реазлицијата на мерката за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделска механизација популарно наречена „зелена нафта“, информираат од владејачката СДСМ од каде додаваат дека со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.

„На овој начин кај земјоделците се враќаат околу 200 милиони денари или над 3 милони евра, средства што Министерството за земјоделство шумарство и водостпанство ги обезбеди преку Програмата за директни плаќања за 2019 година“, стои во партиското соопштение.

Во него се наведува и дека со „зелената нафта“ ќе се намалат трошоците на земјоделците и ќе се зголеми конкуретноста на земјоделското производство, а субвенционирана нафта ќе можат да набавуваат и најмалите земјоделци.

„Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок стандард за земјоделците“, порачуваат од владејачката партија.

Спонзорирано: