Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерот Димитров и Неговото Височество принцот Едвард во Националната филхармонија

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров заедно со Неговото Височество, принцот Едвард грофот од Весекс, присуствуваше на настан во Националната филхармонија во Скопје, организиран во рамки на кралската посета на Неговото Височество на Северна Македонија. Настанот претставуваше дел од одбележувањето на богатата билатерална соработка и пријателството меѓу двете земји. По тој повод, Министерот и високиот гостин присуствуваа на неколку презентации на проекти и концепти од страна на ученици и студенти од цела Северна Македонија на повеќе теми – одржлив развој на градовите во државата, поодржлива мода и модни дизаjни од текстилен отпад, како и презентација на електронски и програмерски транспортни информациски системи, изработени од ученици од 10 до 15 години.

По презентациите, министерот Димитров, Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, амбасадорот на Обединетото Кралство Галовеј, министрите Манчевски и Царовска како и претставници на дипломатскиот кор присуствуваа на настап на инклузивното танцово студио „Еурека“ со претставата „Пепелашка“.

На крај на настанот, министерот Никола Димитров даде изјава за медиумите по повод посетата на принцот Едвард.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК