Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонски државјанин уапсен кај Прешево, се обидел да прошверцува дрога во резервна гума

Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи и Управата за гранична полиција запленија повеќе од 15 килограми марихуана и го уапсија македонскиот државјанин Д. Џ. (30) поради сомневање дека сторил кривично дело за неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.

На граничниот премин Прешево, при преглед на автомобил „опел вектра” со бугарски регистарски таблички, со кој управувал осомничениот, полицијата пронајде 30 пакети марихуана со тежина од 15 килограми и 871 грама, скриени во конструкциските шуплини и резервната гума на автомобилот.

Осомничениот ќе биде задржан до 48 часа и ќе биде приведен на надлежното обвинителство со кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ПЕТ ЧАСА БЕЗ СТРУЈА ВО ТЕТОВСКО – Објавени локациите и термините за планираните исклучувања

ДЕСК

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И СИЛЕН ВЕТЕР НАД 60 КМ/Ч – УХМР најавува дождови, магла и ново затоплување во Македонија

ДЕСК

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК