Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Командант Соколи „збесна” на судењето за Диво Насеље: Не малтретирате 4 години

Со тензии, погрдни зборови и пцовки почна седницата за Диво Насеље денеска во Апелација. Јавната седница почна тензично откако дел од обвинетите станаа и со погрдни зборови кон судот побараа да ја напуштат седницата, бидејќи како што рекоа на албански јазик не го прифаќаат овој суд и бараат меѓународна истрага. Наспроти предупредувањата од претседателката на судечкиот совет судијката Цветанка Периќ присутните да се однесуваат со почит и да не го нарушуваат редот во судот зашто во спротивно ќе бидат отстранети, сите обвинети станаа за едноминутно молчење во знак на почит кон сите загинати во акцијата, пренесе Press24.

Сами Укшини, познат како командант Соколи денеска почна да вика во судница за како што рече четиригодишното малтретирање кое го трпеле.

– Доста веќе, не ве поднесуваме. Четири години ве трпевме и не малтретиравме. Не ве поднесуваме веќе. Вие сте дојдени од Карпатите, таму треба да се вратите, рече Соколи.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК

Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25 проценти од предвидените за 2026 година

C +

Муцунски: Нашата задача е да бидеме предвидлив партнер на Европската Унија, но таква предвидливост очекуваме и од земјите членки

C +