Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се запали италијански товарен брод кај Мајорка, во тек е спасувачка операција

Пожар избувна на италијанскиот трговски брод „Гранде Еуропа”, на 25 милји јужно од градот Палма на островот Мајорка, пренесува „Спутник“.

Според шпанските служби за итни случаи, два хеликоптера и три брода биле испратени за да помогнат во спасувачката операција.

Четиринаесет членови на екипажот, наводно, биле евакуирани од бродот, додека другите остануваат на бродот за да помогнат во борбата против пожарот.

Не е веднаш јасно што го предизвикало пожар.

„Гранде Еуропа“, 20-годишен товарен брод, испловил од Сардинија и пловел кон пристанишниот град Валенсија во Шпанија.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

ДЕСК

ДОЖД, МАГЛА И СИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА – Повардарието под налети над 50 км/ч, еве каде ќе врне

ДЕСК

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК