5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Шести Скопски цветен фестивал на 18 и 19 мај

Шестиот Скопски цветен фестивал, под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“, ќе се одржи на 18 и 19 мај во Градскиот парк во Скопје на почетокот на вториот дел, под мотото „Скопје цвета“. Фестивалот ќе почне со цветно дефиле од Собранието на Град Скопје во 11:30 часот, со деца од предучилишните установи и основните училишта, по што ќе следуваат настапи на повеќе музички и танцови изведувачи.

Посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во целодневни активности кои ги нуди програмата: да проследат анимации за деца, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.

Целта на фестивалот е на едно место да ги собере сите љубители на цвеќето и природата, урeдувањето на околината, уметници, деца и ученици коишто на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина. За првпат оваа година посетителите и љубителите на животни ќе имаат можност да добијат корисни совети за своите домашни миленици, како и можност да вдомат домашно милениче.

Оваа година на манифестацијата ќе се претстават повеќе од 30-тина изложувачи, цвеќарници и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологија.

Спонзорирано: