20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ:Нема веќе „влечење за уши”, граѓаните гласаа слободно

Претседателските и предвремените локални избори се пример за слободен, фер и демократски изборен процес. Нешто што цела деценија беше незамисливо поради режимот на Никола Груевски.
Наместо „влечење за уши“ како што правеше режимот, граѓаните сега можеа слободно да го дадат својот глас, по сопствено убедување, соопшти СДСМ.

Според партијата, наместо „ливче нека снема“ се случи фер натпревар и за сите учесници важеа истите, демократски правила.

,,Наместо изгаснати лифтови, штанцање фалс лични карти и изборен инженеринг со кој режимот и заробената држава ја менуваше волјата на граѓаните, сега имавме скандинавски избори, како што доликуваат на демократска држава која е пред влез во ЕУ и веќе има столче во НАТО.Причините за поразот на претседателските и предвремените локални избори ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да си ги бараат кај себе си и нивните погрешни, деструктивни политики.Граѓаните јасно и гласно кажаа дека не само што се против нивните деструктивни и погубни политики, туку немаат намера да дозволат такво нешто да се повтори”, се додава во соопштението.

Спонзорирано: