Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кочанец ограбен во трговски центар: Напаѓачот го онесвестил и му одзел 500 евра, клучеви и картички од банки

Четириесет и осумгодишен маж од селото Спанчево бил ограбен утрово околу шест часот во тунелот во Трговскиот центар во Кочани, од страна на непознато лице.

МВР соопшти дека според ограбениот, напаѓачот го фатил за врат, по што тој изгубил свест и паднал на земја. Кога се освестил забележал дека од џебовите му биле одземени околу 30.000 денари, клучеви од возило и картички од неколку банки на негово име.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски се сретна со извршната потпретседателка на Европската комисија: нагласена заложбата за зајакнување на квалитетот и усогласеноста на образовниот систем со европските стандарди

C +

Падна банкарка од Тетово – примила 39.000 евра од лице, но никогаш не ги ставила на неговата сметка

ДЕСК

Полицијата пукала во воздух во Кавадарци, откако маж се однесувал агресивно и се самоповредил

ДЕСК