Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пријава за ексградоначалникот на Чашка – вработил 40 луѓе што не доаѓале на работа

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г. П. (49) од Велес, поранешен градоначалник на општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил привремено вработување со договор на дело за 40 лица во Општина Чашка, иако Општината немала потреба од вработување. После тоа, тие воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од Општината.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ЖЕШТИНА, ПА НЕВРЕМЕ: Македонија ја чека нестабилен период со пад на температурите

ДЕСК

ГРАДОТ ГОРИ, А СЕНКА НЕМА: Летото ги открива сите урбани промашувања

ДЕСК

Јавниот долг во фокусот на собраниска работилница

ДЕСК