Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров се сретна со Росана Дудзијак, резидентен координатор на ОН во земјата

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, оствари средба со новоименуваниот резидентен координатор на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дудзијак.

Изразувајќи задоволство и благодарност за ангажманот на Канцеларијата на резидентниот координатор на ОН, министерот Димитров како особено важна ја апострофира соработката во областа на продуктивното вработување, намалувањето на невработеноста и сиромаштијата, инклузијата на социјално ранливите групи, родовата еднаквост, јакнењето на институциите, животната средина и климатските промени.

Тема на разговор беа и унапредувањето на целокупната соработка со канцеларијата на резидентниот координатор на ОН во Скопје, како и имплементацијата на постојните проекти во Република Северна Македонија

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК