Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени тројца гостиварци, фрлиле кеса со марихуана од возило додека бегале од полицијата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.М. (25) од Гостивар, Ј.З. (27) од село Долна Бањица и А.М. (27) од село Балиндол, Гостиварско, поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 2.10.2018 година во село Мало Турчане, Гостиварско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „опел тигра“ во кое се наоѓале пријавените. Возилото не застанало, продолжило со движење, при што од него фрлиле кеса со марихуана. По преземени мерки, пријавените биле лишени од слобода.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК