Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Демократски сојуз: Чиста победа на Стево Пендаровски

Победата на Стево Пендаровски на претседателските избори е кристално чиста и израз на цврстата решеност и определба на мнозинството граѓани кои гласаа за продолжување на евроатланските процеси, внатрешна кохезија и стабилност на државата, велат од Демократски сојуз.

„ДИК и другите државни институции дејствуваа согласно нивните надлежности и обезбедија услови за слободно изјаснување на граѓаните. Овие избори се со исклучително важна историска димензија, затоа што се работи за огромна демократска победа на граѓаните, но и на сите партии кои учествуваа во изборниот процес“, велат од партијата.

Демократскиот сојуз очекува да се забрзаат реформите во државата и за важните стратешки прашања да се гради единство помеѓу партиите од власта и опозицијата.

„Советот на Европската Унија во Јуни, треба да ги отвори вратите за влез на Република Северна Македонија во ЕУ, без било какви калкулации, оправдувања и условувања“, велат од ДС.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ДЕСК

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК