Centar.mk
БИЗНИС

„Блиц“: Словенија и Северна Македонија најмногу профитираа од косовските такси

Косовската рампа на стоки од Србија, која според српската економија годишно прави штета од 500 милиони евра, направила добра работа за соседите, но и за најразвиените економии во светот, пишува српски „Блиц“.

Според податоците на кои весникот се повикува, Косово во февруари оваа година го зголеми увозот 13,4 отсто, односно 27 милиони евра во однос на февруари 2018 година.

Набавките најмногу се зголемени од Словенија, која во однос на минатата година на фирмите од Косово им продала стоки за 9,3 милиони евра повеќе. На второто место е Северна Македонија, која во февруари во Косово пласирала седум милиони евра повеќе стоки од истиот период лани.

Следуваат Албанија и Турција, од каде што Косово ги зголеми набавките за шест милиони евра. Петото и шестото место го делат Германија и Кина. Тие го зголемиле извозот во Косово на вкупно пет милиони евра. Значително зголемување од речиси 1,5 милион евра забележала и Хрватска, а раст од 400.000 евра имале и фирми од Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК

Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм

ДЕСК