11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Пендаровски не заслужува да ја води државата

Стево Пендаровски нема да биде претседател на Република Македонија. Стево Пендаровски нема капацитет и не ја заслужува честа да ја води државата, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве ги главните причини зошто граѓаните не му дадоа поддршка на Пендаровски во првиот круг и зошто сега в недела Пендаровски ќе биде испратен во политичка пензија, како што самиот вети дека доколку и вторпат биде поразен, ќе замине. Стево Пендаровски е човек без став и мислење. Бледа копија на Зоран Заев. Човек што се гордее дека е 102,5 отсто ист како Зоран Заев.

Стево Пендаровски е кандидат со само една цел – да се заштити криминалот на Зоран Заев и да се обезбеди нова аболиција кога правдата ќе се врати во Македонија. Зоран Заев е единствениот политичар во Европа неколкукратно аболиран за тежок криминал, а Пендаровски молчи и за „Глобал“ и за криминалот едно евро за Вицето.

Стево Пендаровски се срами да каже дека е Македонец. Исто како и Зоран Заев се срами од македонската химна. Стево Пендаровски се срами да каже дека Македонците во Егејска Македонија зборуваат на македонски јазик. Стево Пендаровски нема збор за ништењето што се врши над македонската културна и историска посебност, овозможена од неговиот ментор Зоран Заев.
Стево Пендаровски не е непартиски кандидат и не може да биде претседател на сите граѓани. Стево Пендаровски е хотелски кандидат, кој ја доби поддршката со заткулисни игри и договор зад затворени врати на двајца партиски лидери“, изјави тој.

Според Стоилковски, Стево Пендаровски не го почитува и го навредува македонскиот народ. За него, граѓаните се стока и сурати, кои не требале да му се појавуваат пред очи.

„Стево Пендаровски е транзициски политичар, кој имал удел и во гостиварските и во битпазарските настани, каде штоб постоеше сериозен ризик да се разниша меѓуетничкиот соживот во Република Македонија. Стево Пендаровски ја одобрува најгрубата партизација на администрацијата за непотизмот на СДСМ. Стево Пендаровски и сега смета дека за тоа треба да одлучува партискиот суд, а никој од кланот на власт да не сноси одговорност.

Стево Пендаровски не ги осуди злоупотребите во безбедносните служби, потфрлањето на полицијата и злоупотребите во изборната кампања. Стево Пендаровски не гледа неработење на полицијата додека криминалот цвета на улиците поттикнат од криминалот и неказнивоста на власта.
Стево Пендаровски не го осудува урнисувањето на здравствениот систем во државата. Стево Пендаровски се прави дека не ја гледа тендер-политиката во јавното здравство на штета на граѓаните. Исто така, Пендаровски како професор не гледа ниту урнисување на образовниот систем директно најавен од Заев Заев. Стево Пендаровски не се оградува од катастрофалните економски политики меѓународно оценети со нула. Пендаровски тоа го поддржува и е дел од носењето одлуки кон натамошно тонење на македонската економија. Ова се причините зошто граѓаните в недела ќе му дадат црвен картон и ќе му порачаат дека Македонија со политичари како Пендаровски и како Заев не може да оди напред. Македонија со политичари како Пендаровски и Заев нема да добие датум за преговори за почеток за влез во ЕУ. На ЕУ не ѝ се потребни политичари што ја штитат корупцијата и што го штитат непотизмот. Затоа, в недела граѓаните масовно ќе излезат и ќе гласаат за враќање на правдата во Република Македонија. Затоа, граѓаните в недела ќе гласаат за европска Македонија водена од Гордана Силјановска-Давкова“, додаде тој.

Спонзорирано: