Centar.mk
КУЛТУРА

Конкурс за најдобра песна на ,,Празник на липите”

Во пресрет на одржувањето на традиционалната поетска манифестација „Празник на липите“, Друштвото на писатели на Македонија распишува награден конкурс за најдобра необјавена песна што ќе биде прочитана на манифестацијата. Поетските дела не подлежат на никакви тематско-мотивски или стилски ограничувања. Учество може да земат сите членови на ДПМ, а изборот ќе го изврши трочлена стручна комисија. Победничката песна ќе биде наградена на поетското читање во рамки на манифестацијата „Празник на липите“ што ќе се одржи на петти јуни оваа година.

Песната треба да се испрати во четири примероци на адреса: ул. „Максим Горки“, бр. 18, 1000 Скопје или преку електронска пошта на адресата prazniknalipite@gmail.com најдоцна до 25 мај 2019 година.

Можеби ќе ве интересира

Близу осумдесет ученици на средба со Стојан Тарапуза во „Матица“: книжарницата како простор за поезија, прашања и радост од читањето

ДЕСК

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

ДЕСК

Излезе од печат нова книга по повод дваесетгодишнината од независноста на Црна Гора

ДЕСК