9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Додека Сиљановска била министерка, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп

Гордана Сиљановска со фри-шоп на нејзиниот сопруг во време на тразицијата е типичен пример за транзициски профитер и симбол за непотизам, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

„Сиљановска е типичен пример за транзициски профитер и симбол за непотизам. Во времето кога била министерка во првата политичка Влада од 1992 година, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп, тогаш еден од најдоходовните бизниси. Ова е класичен чин на непотизам, судир на интереси и злоупотреба на функцијата, и во тоа време наидува на жестока критика токму од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Силјановска за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е ‘симбол на правото и правдата’, туку узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во собранието во 1994 година токму од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: