20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ременски во Топ Тема: Проевропскиот и мултиетничкиот концепт на Стево ќе донесе убедлива победа во вториот круг

Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, вчера гостуваше во емисијата Топ Тема на Телма, каде зборуваше за реформите на Владата предводена од СДСМ кои конечно ја трасираа државата на вистински пат, како и за големата разлика помеѓу концептите на Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска.

Ременски потенцираше дека првиот круг претседателски избори поминаа во европски амбиент и демократска атмосфера, а за тоа заслугите ги имаат одговорните и професионални институции, нешто што не можеше да се замисли за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Ременски рече дека граѓаните во поголем број гласаа за Пендаровски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е се спротивно од слоганот „правда“, затоа што 11 години владееше на криминален начин.

-Реформите на Владата предводена од СДСМ се препознаени и на меѓународен и на домашен план. Позитивниот курс на државата е трасиран и враќање назад нема да има. Вистинска иронија е тоа што опозицијата се обидува да користи слоган во кој не верува ни самата партија, а ни нивната кандидатка. Гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ која 11 години владееше покаже се што е спротивно на правда. Затоа денес граѓаните можат многу лесно да препознаат разлика во политики и концепти, концепт кој носи иднина, наспроти концепт кој носи изолација – порача Ременски.

-Разликата во концепти е евидентна до екстремни степени. Од една страна Пендаровски претставува олицетворение на отворени врати за сите етнички, верски, религиозни и партиски групи со проевропска и вредносно-демократска ориентација, спремен да води кон ЕУ и НАТО, а од друга страна Сиљановска која е директен послушник на Мицкоски и Груевски, спремна да се бори за одбрана на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, ги дели граѓаните и е без став за најважните прашања и секојдневно е’ лицемерна кон граѓаните – изјави Ременски.

Ременски заклучи дека граѓаните на 5ти мај убедливо ќе гласаат за Стево Пендаровски и за концептот кој води напред и дека граѓаните не сакаат ниту ќе дозволат нов Иванов.

Никако назад, одиме напред, рече Ременски.