Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Преку разглас од сино комбе повикувале за изборите во Ѓорче Петров

Сино комбе кружи во скопската општина Ѓорче Петров и преку разглас ги повикува граѓаните да ги бојкотираат изборите. Овој случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи, од каде велат дека се преземаат соодветни мерки и активности.

– Во полиција е пријавено дека во 14.35 часот на улицата „4 јули“ кон Ѓорче Петров 2, се движи сино комбе, со непозната марка и непознати регистрации, од кое преку разглас на македонски јазик се повикува да не се излегува на гласање. Се преземаат мерки и активности за потврдување на пријавата – велат од МВР за Плусинфо.

Можеби ќе ве интересира

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО СОБРАНИСКА ДЕБАТА – Дезинформациите и вештачката интелигенција пред пратениците

ДЕСК

ПЛАТИТЕ ВО ОДБРАНАТА ВО ФОКУСОТ – Мисајловски денеска ќе ги претстави плановите за зголемување

ДЕСК

Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари – зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија? – прашаа од СДСМ

ДЕСК