Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“.

МВР соопшти дека во сообраќајката учествувал трактор со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(40) од Ново Село, патничко возило „форд фокус“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од М.К.(55) од село Секирник, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т.(50) од Струмица и патничко возило „фолксваген шаран“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.И.Р.(50) од Петрич, Република Бугарија.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој по укажаната лекарска помош со амбулантно возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Додека, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд фокус“ и сопатникот во истото возило, С.В.(55) од Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКА САБОТА: Не смееме да ги правиме овие работи до полноќ

ДЕСК

Важна вест за скопјани – Посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје денеска

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК