Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Првоодделенка се лизнала додека пиела вода – Итно донесена на Ургентен

Околу 12.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во село Топлица, гостиварско, седумгодишна ученичка паднала во кругот на училиштето и се здобила со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, за време на одмор, обидувајќи се да се напие вода од чешмата во кругот на училиштето, девојчето се лизнало и паднало.

По укажаната лекарска помош во болницата во Гостивар, била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Знаеле кој е Мацура, документите потврдуваат- Владата на СДСМ носи одлука за деловен однос со Алта Банка

ДЕСК

Мицкоски: Денес им се распрснаа плитките лаги на СДСМ, ќе сторам се да се најде решение за купувачите и граѓаните да не бидат оштетени

ДЕСК

Јаревски: СДС со обид за политичка манипулација за Алта банка, фактите ја демантираат нивната теза за стечај

ДЕСК