Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Кирацовски: На овие избори не избираме само претседател, туку избираме да продолжиме кон ЕУ и НАТО

Во изминатите речиси три недели посетивме огромен број општини и населени места, со илјадници од вас разговаравме на повеќе теми, ги промовиравме придобивките од концептот што води напред кон сигурна и стабилна иднина, развој, во ЕУ и НАТО. Водевме позитивна, принципиелна и достоинствена кампања каква што ѝ прилега на една одговорна и демократска партија и на вистински сериозен кандидат за претседател на државата, истакна шефот на изборниот штаб и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

„Тоа е препознаено од граѓаните, кои даваа масовна поддршка на секој настан, во секој град и секое населено место. Очекувам и знам, вашата силна енергија, вашата масовна поддршка од кампањата, ќе се преслика и на избирачките места в недела. На овие избори не избираме само претседател, туку избираме да продолжиме по патот на реформите, на напредокот и интеграција во ЕУ и НАТО, онаму каде навистина припаѓаме.

Тоа ќе го сториме со масовна поддршка за Стево Пендаровски и неговиот концепт што води напред. Другата опција е враќање назад во мрачното минато, во деструкција, уназадување.

Затоа, в недела, 21 април, масовно да излеземе да го искористиме гласачкото право и да гласаме за бројот три! Да гласаме за Стево и да продолжиме заедно напред!“, порача Кирацовски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +