5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев од Дебар: Да го сочуваме единството, гласот за Река ја крева Силјановска, не го фрлајте сопствениот глас, опција за сите е Заедно Напред

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и претставникот од ДУИ и министер за економија, Крешник Бектеши повикаа на двојна победа во Дебар, со оглед дека во општината следуваат и претседателски и локални избори – граѓаните да го поддржат заедничкиот претседателски кандидат Стево Пендаровски и градоначалничкиот кандидат Хекуран Дука.

-Се здруживме дома, донесовме важни одлуки, одржавме европски лекции, без калкулантство. Да си го задржиме народот, младите. Дојден сум да побарам поддршка да си го држиме единството, порача претседателот на СДСМ и премиер, Заев, кој посочи дека Дебар отсекогаш бил пример за соживотот во нашата држава.

Тој повика на посебна внимателност за кого гласаат граѓаните, бидејки “гласот за Река е глас за Силјановска”, а тоа води Назад.

-Јас го почитувам Блерим Река, но го фати национализмот на Зијадин Села и се здружи со Силјановска. Албанците не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што од ВМРО-ДПМНЕ не ги сакаат, не ги гледаат рамноправно. Однапред прават математики како Села да му помогне на Мицковски. Затоа, фрлање во кош е гласот за Река. Гласот за Река ја крева Силјановска. Нас ни треба да ечи гласот на нашиот народ. Затоа, да гласаме за кандидатот за градоначалник Дука и за претседателскиот кандидат Пендаровски, повика меѓу другото, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев од Дебар.

И кандидатот за градоначалник, Хекуран Дука и претставникот од ДУИ и министер за економија, Крешник Бектеши повикаа на заедништво и продолжување Напред.

-Ќе бидам еднаков за сите и ќе ги поттикнувам сите млади да работат заедно на развојот на Дебар. Гласајте за мене и за консензуалниот кандидат за претседател Стево Пендаровски, повика градоначалничкиот кандидат Хекуран Дука.

-Работиме на заеднички перспективи, без предрасуди, за перспективи на сите граѓани во нашата заедничка држава, за економски развој, за Напред кон НАТО и ЕУ. Да го поддржиме градоначалничкиот кандидат Хекуран Дука и заедничкиот кандидат Стево Пендаровски, повика претставникот од ДУИ и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Спонзорирано: