Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да излеземе на избори, да не ни бира претседател Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика народот масовно да излезе на избори во недели, на 21 април, за да ,,не се исполни сценариото на Зоран Заев да се бира претседател во Собранието”.

Тој порача дека ваквите сценарија овој пат нема да поминат затоа што народот е свесен и ќе го казни на изборите, а овој негов заговор, може да му го прифатат само неговите неколку слуги.

„Треба да знаат дека тие не се господари на волјата на народот, туку треба да бидат слуги на народот. Да излеземе на избори, конечно да го победиме заевизмот. 21 април е почеток на крајот. Да се избориме за горда и единствена Македонија, а на власта и порачувам да не се дрзнува да ја фалсификува волја на граѓаните, туку демократски да си го прифати поразот“, порача Мицкоски.

На новинарско прашање дали тој остварил средба со лидерот на ДУИ, Мицкоски беше категоричен дека ваква средба немало и дека неговите политички опоненти шират дезинформации во јавноста, односно дека ги извртуваат неговите зборови од митинзите.

Во однос на „бомбите“ што се објавија, Мицкоски тврди дека нема никакви индикации за тоа кој ги објавил, но прстот го впери во лидерот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што како што рече, тој во 2015. направи реално шоу со „бомбите“ и не е исклучено да стои зад ваквото сценарио.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК