Centar.mk
БИЗНИС

СДСМ: Исплатата на субвенциите за тутунот е во согласност со програмата

Исплатата на субвенциите за тутунот е во согласност со програмата, ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за извесниот пораз на изборите, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ во паника од слабата поддршка од граѓаните во секоја редовна и позитивна мерка бара алиби за извесниот пораз в недела. Исплатата на субвенциите за тутунот е според календарот за исплата на програмата за директни плаќања и е во истиот период како и минатата година, лани на 17, а оваа година на 16 април, а со единствена цел земјоделците субвенциите да ги добиваат тогаш кога им се најпотребни, пред почетокот на производствената сезона.

Бидејќи со години ги малтретира, ги понижуваше и уценуваше земјоделците, денес ВМРО-ДПМНЕ е против навремена и неселективна исплата на субвенциите.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за бојкот на претседателските избори и да се подготви за пораз на претстојните локални и претседателски избори“, наведе СДСМ во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

C +

Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија дебата за иднината на бизнисот

C +

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

C +