9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

(Видео) Чопор кучиња роботи влечат камион

Компанијата „Бостон динамикс“ произведува роботи кои прават работи што многу луѓе не би можеле да ги направат – скокаат од објект на објект, прават салто назад и слични акробации.

И сега, оваа американска компанија одлучи да си поигра малку со своите роботи и дополнително да нè исплаши. Тие зедоа десет свои SpotMini „кучиња” роботи, ги врзаа за камион како за снежна кучешка запрега и им дадоа задача да го повлечат. И успеаја.

Кучињата роботи SpotMini можеби и не се толку страшни како нивните хуманоидни роботи АТЛАС, но тоа е веројатно само затоа што луѓето научиле да веруваат во сè што изгледа и се однесува како куче, пишува порталот Gizmodo.

Сепак, овие кучиња можат да ја отворат вратата и да избегаат од лабораторијата, а сега тие влечат и камиони. Ова е само уште еден пример за напредокот во роботиката при кој роботите во соработка може да изведуваат проекти што самите не би можеле. Најверојатно овие роботи ќе бидат применети пред сè во армијата.

Спонзорирано: