Демант во врска со написите во одредени медиуми со наслов „Кметот на Ѓорче го урива паркот, даде маркица зграда“
– 70% од функционерите на ДПМНЕ во претходниот период од 12 години и 6 месеци беа од Ѓорче. Нивниот миленик од Градоначалник остави пустош, безидејност, со ниту еден детален план за развој. Несредена легализација, економски криминал за кој се водат кривични постапки, нерешена општинска зграда со Трансмет, кал на секаде, незавршена фекална канализација во руралниот дел и 2 300 000 Евра кредит, стои во демантот на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
– Очигледно на поранешните функционери и министри им смета домаќинското работење во општината.
Најостро ги демантираме наводите дека е дадена маркица за зграда во реонскиот парк. Станува збор за шпекулации и груби невистини изнесени од страна на некои портали.
Од паркот нема да се одземе ниту милиметар зелена површина, одговорно тврдиме. Се работи за измена на план за кој Ѓорче треба да добие вистинско градско јадро кое ќе личи, на кое ќе има Корзо со кафетерии и други организирани содржини за сите возрасти.
Енергично ќе продоложиме напред во интерес на Ѓорчевци за да го поправиме се она што е опустошено во општинатата во претходната деценија.
Само во изминативе година и половина успеавме да ја донесеме изградбата на капиталниот државен проект Универзитетски клинички центар на локација во оштината, поставивме асфалт во должина од 30 км, изведовме 20 км фекална канализација во руралниот дел, поставивме нови 2 500 улични светилки, над 100 нови клупи, чешми, корпи за отпадоци, поплочивме 6,000 м2 со бехатон, изведовме 4 км водоводна мрежа и интензивно работиме на полето на образованието, спортот, социјалната заштита, културата итн.
И покрај сите напади ќе продолжиме подеднакво посветено, домаќински и со уште поголем интензитет да работиме во интерес на граѓаните. Никој не може да ни ги оспори резултатите кои се очигледни, пишува во демантот.