11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Богданци: Ова се избори на кои се одлучува за иднината на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, имаше средби со граѓаните на општина Богданци.

Пред присутните Мицкоски истакна дека од многуте средби на кои изминатиов период од граѓаните слушнал само разочарување од актуелната состојба во која се наоѓа Република Македонија, односно, како што рече тој, во овие две години од Владата на Зоран Заев и СДСМ немало ниту една суштинска реформа и исполнување на ветеното, туку само предавство и распродажба на националните и државните интереси.

„Буквално, секаде, без разлика дали станува збор за градови, дали станува збор за села, дали станува збор за помали или поголеми населени места, имав можност да разговарам со илјадници, илјадници наши сограѓани. Илјадници, илјадници наши сограѓани ни ја пренесоа нивната емоција, нивниот сентамент, ја прераскажаа реалноста, а реалноста е лоша. Луѓето се многу разочарани од сите оние неисполнети ветувања, сите оние нереализирани очекувања. Практично, луѓето сфатија дека си имаат работа со измамници и тие измамници единствената работа кшто ја направија изминатите, речиси две години, е едно огромно предавство. Нема ниту една структурна реформа, нема услови за подобар живот, не ја подобрија економијата, напротив, сè оди во надолна линија. Единственото што го направија е она огромно предавство со кое тргуваа и ги предадоа и државните и националните интереси. Тоа е реалноста во Република Македонија“, рече Мицкоски.

Во обраќањето Мицкоски посочи дека овие избори не се само претседателски избори, туку се избори каде што се одлучува за иднината на Македонија.

„Ова не се само претседателски избори, ова се избори каде што се одлучува за иднината на Македонија, за правецот по кој ќе се движиме, патот по кој ќе одиме, а ако ја немаме Македонија, ништо немаме. Затоа, на овие избори се решава за Македонија. Претседателските избори се шанса за отворање на вратата за предвремени парламентарни избори на кои ќе го поразиме заевизмот. Колку победата е поубедлива, толку ќе биде поголема нашата сила за промени, реформи, да ја испорачаме правдата“, рече Мицкоски.

На крајот Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ заедно во коалиција со народот ќе се избори со сите неправдини направени од СДСМ и Заев и побара масовна поддршка за кандидатот за претседател – Гордана Силјановска-Давкова.