3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

ЈАГНЕШКО ВО РЕРНА: Сочно и вкусно како под сач

Совршен Велигденски ручек за целото семејство…

Следете ги овие чекори и за Велигден ќе добиете сочно и меко јагнешко месо испечено во рерна. Водете сметка дека јагнешкото бара подолго печење.

Состојки:

1,5 кг јагнешко месо
100 мл масло
400 мл бело вино
500 мл вода
1/2 праз
3 средни главици кромид
1 главица лук
2 моркови
1,2 кг компири
сол
пипер
рузмарин
магдонос
бибер
Начин на подготовка:

Јагнешкото прво добро посолете го, а потоа наредете го во тепсија. Потоа додајте компири, праз, лук, моркови и кромид.

Налијте со вода, масло и вино, додајте зачини па сè убаво измешајте.

Печете најмалку два часа во загреана рерна на 200 степени. Првите час време тепсијата покријте ја со фолија.

Спонзорирано: