Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: СДСМ на митингот доживеа фијаско

Претседателот на ВМРО-ДПМНE, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на митинг пред граѓаните во Градско.

„Немојте да дозволите никој да ве уплаши, немојте да дозволите никој да ве уцени. Иако сум свесен за притисоците коишто се прават, затоа што деспотот е на колена, СДСМ е на колена, а овие избори само побргу ќе го бутнат за земја“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека со овие избори ќе добие Македонија, а ќе изгуби СДСМ и тие малкумина клиенталисти околу деспотот Заев, па затоа, како што рече, е потребна голема победа на 21 април, а потоа и на 5 мај.

Мицкоски рече дека со денешниот митинг на СДСМ, тие доживеале фијаско во Скопје, немало луѓе кои ги поддржувале, и СДСМ не успеал да собере ни петтина од тоа што успеало ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот митинг.

„Готов е, и доаѓа денот затоа ни е потребно сите ние, еден до друг да застанеме, да се обединиме, сплотиме, рамо до рамо, грб до грб да си бидеме потпора еден на друг, затоа што потребно е да ја осолободиме Македонија од канџите на Зоран Заев и Пендаровски Стево“, додаде Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 2.8 степени според рихтер го погоди охридскиот регион

ДЕСК

СДСМ: Непостоечки хигиеничари, лажни дневници, каде завршуваат парите од тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра ?

ДЕСК

Групна тепачка во угостителски објект во Скопје – МВР со детали за предновогодишниот инцидент

ДЕСК