Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес на Дижонска – полицијата пронајде оружје

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.К.(56) од Скопје поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

На 11.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простори на ул.„Дижонска 1“, каде што престојува пријавениот.

При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Застава М57“ калибар 7,62мм, пиштол „Црвена Застава М57“ калибар 7,62мм и девет куршуми калибар 7,62 мм. По преземени мерки било утврдено дека еден од пиштолите е предмет на кражба.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК