Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Застанал да смени гума – Работник од Македонија загина во Швајцарија

Македонски државјанин загина откако бил прегазен од автомобил додека менувал расипана гума на комби, во понеделникот во Швајцарија, објави 24 Инфо.

Трагичната сообраќајка се случила на автопатот А1 во близина на местото Обербурен во кантонот Сент Гален.

На повикот бил испратен Адем Б.(24), кој за кусо стигнал на местото. Тој заедно со возачот (50) со дигалка почнале да го креваат возилото за да ја сменат левата предна гума. Тогаш во нив налетал автомобил „алфа ромео“, а Адем бил итно пренесен во болница, но му немало спас.

Сопственикот на компанијата во која работел македонскиот државјанин е шокиран од несреќата, но не ја коментирал бидејќи немал официјални информации од полицијата. Колегите на загинатиот, пак, имаат само пофални зборови за Адем, кој бил вреден и посветен работник.

Очевидци на трагедијата  тврдат дека тој зборувал на мобилниот телефон што му го одвлекло вниманието па удрил во двајцата. Возачот на автомобилот, наводно, им рекол на роднините на починатиот дека вината е негова.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК