Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Гордана Силјановска не само што е залутана во политиката, залепена зад деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ, зборува против сè и сешто, па и против самата себе си, кажа Костадинов

Гордана Силјановска не само што е залутана во политиката, залепена зад деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ, зборува против сè и сешто, па и против самата себе си. Кандидатката на Христијан Мицкоски ги напаѓа политиките на првата влада во независноста, против владата во која токму таа била министерка, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Силјановска во времето на транзицијата била министерка, а нејзиниот сопруг токму во тоа време терал бизнис со фри-шоп. Силјановска е пример за транзициски политичар според критериумите на нејзината ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој.

Секојдневно се докажува, додаде таа, дека Силјановска е нечесна и неискрена пред граѓаните и дека е иста како Иванов и Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК