Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Татко си го прободе синот во Кочани – МВР со детали за инцидентот

На 11.04.2019 во 19.05 часот во Полициската станица Кочани, од Медицински центар Кочани било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 39 годишник од Кочани.

Според пријавеното, истиот ден околу 18.45 часот во домот на ул.„14-та Бригада“ во Кочани, по вербална расправија, 58 годишник од Кочани со нож му нанел повреда на неговиот син кој имал 39 години.

По укажаната помош во болницата во Кочани тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид бил извршен, а напаѓачот бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Кочани. По целосно документирање на случајот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК

ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ЧЕТИРИГОДИШНО СКОПЈАНЧЕ ВО АВТОБУС: Судир меѓу автомобил и автобус во центарот на Скопје, возачот на колата побегнал

ДЕСК