Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСM: Годините на тонење се зад нас, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска не нудат ништо освен деструкции и затоа ќе убедливо ќе загубат на изборите

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да одбива да се соочи со реалноста дека годините на тонење се зад нас, дека по години изолација и уназадување, државата тргна напред, а економијата се движи во добар правец, реагираат од СДСМ.

– За само една година, во 2018 та, отворени се над 26.000 работни места, а забележани се странски инвестиции во вредност од над 624 милиони евра. Сето тоа придонесе стапката на невработеност да опадне на 19,4 отсто во последниот квартал од 2018 година.

Околу 424 млади земјоделци добиле неповратни средства од 10.000 евра за започнување бизнис, инвестиции во механизација и производство, а Агенцијата за вработување со над 16 милиони евра, поддржала отворање на 1191 бизнис преку мерката мерката за самовработување.

Ова се само дел од реалните податоци со кои ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири и не може да ги прифати. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка Гордан Сиљановска не нудат ништо, освен деструктивно однесување спротивно на интересите на државата и затоа на 21 април и 5 мај ќе доживеат убедлив пораз од граѓаните, кои ќе го изберат Стево Пендартовски вистински претседател кој ќе работи во интерес на државата, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК