Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Младите политичари во борба против говорот на омраза се заложија за фер, слободни и демократски избори

Дваесетидевет подмладоци на политичките партии ја потпишаа Декларацијата за слободни, фер и демократски избори во организација на Институт Охрид, од Скопје. Младите политичари се заложија дека ќе се борат против говорот на омраза и негово отстранување на социјалните мрежи и секојдневниот живот, а го искажаа и својот став во насока на поддршка за фер, слободни и демократски избори.

„Младите политичари честопати самите се жртви на говор на омраза. Тие ја имаат зрелоста и мудроста да ги препознаат овие негативни појави во општеството и заеднички да се борат против говорот на омраза и наместо тоа да користат креативност и позитивна енергија за промовирање на своите идеи. Со оглед на тоа дека ова е четврто потпишување на Декларацијата, слободно можам да кажам дека политичките подмладоци од сите партии се и повеќе од свесни за својата општествена одговорност, како и нивната улога во целиот изборен процес“- изјави Билјана Јанева, извршен директор на Институт Охирд.

Чинот на потпишување на Декларацијата е традиционален настан кој се одржува пред секои избори. Декларацијата за фер, слободни и демократски избори првпат беше потпишана во 2014 година, а потоа и во 2016 и 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК