Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Детали за страшната сообраќајка кај Ќафасан

На 11.04.2019 во 21.30 часот на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(22) од село Радолишта и влекач „МАН“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(39) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Ауди“. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“-Охрид, односно Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Владата донесе одлука, се намалува данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%,за да се спречи енормен скок

ДЕСК

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК

Одземени три возила во тетовскиот регион

ДЕСК