Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Енергијата меѓу граѓаните е огромна, победата е извесна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на отворањето на уште еден штаб на претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во центарот на Скопје.

Тој истакна дека од неговата партија се премногу задоволни од досегашниот тек на кампањата.

„Граѓаните добро реагираат на сите оние политики што ние ги нудиме, сите оние концепти што ги презентираме пред граѓаните, сето она што професорката Силјановска го презентира пред граѓаните на граѓанските собири, на оние митинзи што ги имаме во Македонија. Енергијата е огромна, победата е извесна на 21 април, а потоа следува потврда на 5 мај. Ќе биде една огромна победа за Македонија и прв чекор кон практично демонтирање на целокупниот оној заевизам што изминатиот период се инсталира и се монтира во Република Македонија“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека граѓаните набргу ќе добијат претседател, а потоа и влада каква што заслужуваат.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

ДЕСК

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

ДЕСК