Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Му дал 14.500 денари па сфатил – Внимавајте да не наседнете на оваа измама

Во 19.20 часот во Полициската станица Штип, 62-годишниот М.С. од Штип пријавил дека бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, истиот ден околу 11.30 часот во неговиот двор дошло лицето и му понудило да купи огревни дрва по цена од 2.400 денари по кубен метар.

М.С. му дал 14.500 денари за дрвата, по што лицето отишло по камионот со дрвата, кој наводно бил во населбата „Баби“ во Штип.

Откако лицето не ги донело дрвата по одреден период, М.С. заклучил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК