Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Драма во Македонија: Седеле заедно па го претепал, младо момче на Ургентен

Во СВР Куманово било пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреди бил донесен 31-годишниот П.В. од селото Јурумлери, скопско, кој потоа бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

П.В. се здобил со повредите во населба Карпош во Куманово при физички напад од страна на 22-годишниот Р.С. од Куманово, со кого, неколку пати физички се пресметале, а претходно заедно со уште неколку лица конзумирале алкохол.

Р.С. бил приведен во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК