Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров во Берлин на средби со високи претставници во германската Влада

Работната посета на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Берлин продолжи со средби во Канцеларијата на бундесканцеларката Меркел, со главниот советник за надворешна политика Јан Хекер, и заменикот главен советник за европски прашања, Франц Ноједер.

На средбите се разговаралo за актуелностите и претстојните чекори во процесот на нашата натамошна интеграција во ЕУ. Од страна на соговорниците бил поздрaвен успехот што Република Северна Македонија го постигна во делот на реформите и добрососедските односи и, во таа смисла, е потврдена јасната поддршка за соодветно препознавање на направеното и отворање на следното поглавје на патот кон Европската унија.

Во рамки денешната посета, заедно со заменик претседателот на Владата, Бујар Османи, продолжија активностите во Бундестагот со средба со пратеникот на ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул.

Во фокус на разговорот е текот на домашните реформи и резултатите во делот на добрососедските односи и соработка преку договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор и претстојните чекори во процесот на европската интеграција, како и улогата и поддршката на Бундестагот во овој контекст.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК