9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Русија и Турција формираат инвестициски фонд во вредност од 900 милиони долари

Русија и Турција ќе формираат заеднички инвестициски фонд во вредност од 900 милиони евра, рече денеска шефот на Рускиот фонд за директни инвестициии, Кирил Дмитриев.

„Денес, ќе објавиме дека конечно формиравме руско-турски инвестициски фонд. Ние веќе долго време работевме на тоа и имаше многу дискусии, а сега конечно го формиравме“, рече Дмитриев, според руската новинска агенција ТАСС.

Тој додава дека ова е фонд што ќе биде исклучително важен за ревитализација на руско-турските инвестиции.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес е во официјална посета на Русија за време на која тој, како што најави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Сирија, во контекст на американските планови за делумно повлекување на своите војници од земјата, како и испорака на рускиот воздушен одбранбен систем „С-400“ на Турција, темпото на изградба на турскиот гасовод и нуклеарната централа „Акују“.