Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Силјановска за еден ден го промени ставот за преспанскиот договор

Помина еден ден, а Силјановска го смени ставот, еднаш велеше дека Преспанскиот договор е согалсно Уставот и ќе го почитува, сега го тврди спротивното, подвлече владејачката СДСМ преку соопштение.

„На телевизија ‘Телма’ тврдеше дека Преспанскиот договор е согласно со Уставот и ќе го почитува, на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола дека не е. Поминаа само неколку дена, Гордана Сиљановска си го покажа лицемерното лице. Се покажа, Сиљановска не е чесна пред граѓаните.

Кога лаже Сиљановска? Наутро кога вели дека нема да го почитува Договорот и уставното име Северна Република Македонија или навачер кога самата се негираше?

Исто како и Мицкоски и Сиљановска едно зборува а друго прави“, додава СДСМ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Беким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државата

ДЕСК

СОБРАНИЕТО ПРЕД ГОЛЕМА ИСПИТНА ЧАСОВНИЦА: Реформските закони стануваат клуч за европскиот пат

ДЕСК

Јавна расправа во Собранието за Предлог-законот за парнична постапка

ДЕСК