Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожари кај Раовиќ и Старо Село

На 29.03.2019 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено  дека покрај патот кој води кон село Раовиќ, скопско, избувнал пожар при што горела сува трева и нискостеблеста шума на околу 1 000 метри квадратни. Во 11.20 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

На 29.03. 2019 во 15,45 часот во Полициската станица за граничен надзор Рогачево било пријавено дека покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, во близина село Старо Село, настанал пожар во кој горела нискостеблеста шума и други видови шумска маса, со тенденција да се прошири во повеќе правци поради силен ветер. За пожарот биле известени Територијалната противпожарна единица Тетово и Центарот за управување  со кризи. Се преземаат мерки за гасење на пожарот.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

ДЕСК

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

ДЕСК