17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје вчера казнети 35 возачи за брзо возење

Вчера, во Скопје биле преземени мерки и активности, при што било констатирано дека 35 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 25 возачи, од кои: 19 возачи затоа што управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување крстосница на црвено светло, тројца поради недавање првенство на минување пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, шест поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 15 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.

Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 10 сообраќајни незгоди, во кои седум лица добиле телесни повреди.

Спонзорирано: