Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Кисела Вода ги обновува детските и спортски игралишта на својата територија

Општина Кисела Вода изврши целосна реконструкција на повеќе детски и спортски игралишта на својата територија.

Досега реконструирани се игралиштата во: МЗ Подстаница, УЗ Драчево, МЗ Драчево, МЗ Пинтија и УЗ Кисела Вода. Во дел од нив покрај санацијата на постоечките реквизити поставена е нова урбана опрема и нови лулашки за деца.

Во моментов во тек се активности за фарбање на реквизитите на детското игралиште и урбаната опрема до Средното економско – правно училиште, „Васил Антевски – Дрен“.

Локалната самоуправа во периодот што следува ќе изврши целосна обнова на сите детски и спортски игралишта. Општината апелира до граѓаните за одговорно однесување, за зачувување на урбаната опрема и омилените игралишта на најмладите.

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активностите за поставување пешачки семафори, се работи во ноќните часови за да нема застој во секојдневието

ДЕСК

Граѓански форум за уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

ДЕСК

Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“

ДЕСК