Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Независната пратеничка група очекува во јуни почеток на преговорите со ЕУ

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Kоалицијата за подобра Македонија оствариja едночасовна средба со работната група на Советот на Европската Унија за Западен Балкан.

„На средбата ги искажавме нашите силни очекувања во јуни да бидат отворени пристапните преговори кон ЕУ. Нашата заложба и посветеност кон реформските процеси останува приоритет и цел за понатаму. Добивме признание за нашата досегашна работа и охрабрување да продолжиме во тој правец.

Низ интерактивна дебата отворивме низа важни прашања за актуелната политичка ситуација и идните предизвици за македонското интегрирање во европското семејство, каде што е нашето место“, велат од независната пратеничка група.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +