9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична за арачиновец кој самиот се застрелал со пиштол

Полицијата поднесе кривична пријава против И.Е. (51) од село Арачиново, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Во атарот на селото Никуштак, Кумановско, пријавениот, од пиштол што го поседувал со соодветна дозвола, испукал куршум, при што се здобил со телесна повреда во пределот на раката.