14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успесите на полицијата

ВМРО-ДПМНЕ нема идеја и не може да се помири со успесите на полицијата, па од објавени информации во Билтенот на МВР се обидува да манипулира, реагира СДСМ по изјавата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат идеја, немаат програма, ниту политичка понуда. Опозицијата не може да се помири со успесите на МВР и полицијата. Затоа од информации кои веќе се објавени во Билтените на МВР се обидуваат да манипулира, со случаи за кои веќе полицијата постапува и се во фаза на разрешување.
Времето кога МВР беше продолжена рака на Груевизмот и наместо да гони криминалслужеше за одмазди, закани и заташкување на кривични дела на ВМРО-ДПМНЕ заврши“, наведе СДСМ во реакцијата.

Владејачката партија додава дека Министерството за внатрешни работи задачите ги извршува професионално, одговорно и во интерес на граѓаните, а токму затоа 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедно.

„МВР работи во интерес на граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ нека смисли друг начин да го привлекува вниманието, нека даде макар еден предлог, план или идеја“, додава СДСМ.

Спонзорирано: